Валтери Ботас од Мерцедес имаше најбрзо време во квалификациите за трката за Големата награда на Азербејџан, што ќе се вози утре во Баку. Тој постигна рекорд на патеката возејќи најбрз круг во третата сесија од квалификациите оставајќи го зад себе тимскиот колега Луис Хамилтон.
Ферари уште еднаш потфрли кога е најважно, Шарл Леклер се заби во ѕидот, а осамениот Себастијан Фетел не можеше да им парира на Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Тој вториот ред ќе го дели со Макс Ферстапен од Ред Бул.
Кавалификациите за градската трка во Баку траеа невообичаено долго поради двата прекини предизвикани од ударите на Kубица и на Леклер во осмиот свиок од патеката. Возачот на Ферари сепак заврши на 10. место во квалификациите.
Во пресрет на утрешната трка, Хамилтон е на лидерската позиција во генералниот поредок со шест бода пред Фетел.
Comments are closed for this post.