Цената на нафтата ќе остане на максимум 75 долари за барел, велат аналитичарите. Во неделата вредноста на „црното злато“ достигна 5-месечен врв, откако САД соопштија дека ќе ги прошират санкциите против Иран.
Според Соединетите Американски Држави, околу 40 отсто од приходите на Иран доаѓаат од извозот на нафта. Досега имаше не важечките санкции кон осум земји – Кина, Индија, Италија, Грција, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Турција, но веќе Вашингтон инсистира и овие држави да престанат да купуваат црно злато од Техеран. Пазарите веднаш реагираа, анализираат експертите.
Иран, се разбира, одби да ги почитува дополнителните санкции од Вашингтон
Ова е уште еден многу важен елемент на ситуацијата што се развива во текот на неделата. Иран едноставно рече дека барањата на САД нема да бидат исполнети. Да бидам искрен, многу ми е тешко да дојдам до заклучок за тоа . Мислам дека е премногу рано да се предвиди. Сепак, стравот дека нема да има доволно нафта за да се задоволи светската побарувачка ќе ја одржи цената на црното злато“ – вели аналитичар во лондонската брокерска куќа „Forex Time“.
Comments are closed for this post.