Успехот во бизнисот во голема мера се должи на личноста на луѓето што ја водат. Квалитетите и особините на личноста откриваат дали едно лице несвесно создава повеќе штета отколку бизнис бенефиции.  “Entrepreneur Europe“ ги претстави следните 11 особини на личноста кои негативно влијаат врз бизнисот:

1. Ниска емоционална интелигенција –  е токсична за бизнисот, како што влијае на сите со кои се поврзувате. Емоционалната интелигенција ви помага да дознаете за другите  што ги мотивира, а  истовремено создава чувство на кохезија во работата.

2. Хронични сарказам – во мали дози може и да биде забавен од време на време, но ако често изразувате саркастични коментари, ненамерно може да креирате токсична работна средина.

3. Недостатокот на флексибилност – секоја успешна компанија треба да биде флексибилна и да наоѓа креативни решенија во неочекувани ситуации.

4. Нетрпеливост – може да доведе до избрзани одлуки што му наштетуваат на бизнисот.

5. Да бидете суперконтролор  – чувството за перфекционизам води до сериозни разочарувања кога работите не одат според планот.

6. Недостаток на емпатија – Емпатијата помага на другите да се чувствуваат ценети поврзани и разбрани, правејќи клиентите со поголема веројатност да останат лојални, а вработените се повеќе склони да работат напорно.

Други негативни персонални карактеристики кои имаат погубно влијание врз успешниот бизнис наведени од Entrepreneur Europe се: недовербата, постојаните поплаки, нарцизам.