Дваесет и едногодишно момче е повредено вчера од огнено оружје во скопски Чаир.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 16,25 часот од Градска општа болница „Наум Охридски“ била примена пријава за донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје.
Повредениот, како што стои во полицискиот билтен, бил донесен во Градската општа болница од страна на Е.М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул. „Цветан Димов“ во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.
Од страна на полициски службеници е разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.