Лошо се планира, затоа владата да не седи со скрстени раце, да ги засука ракавите и да се фати за работа. Ова го порачаа експертите, откако статистиката покажа само 6.2% реализација на капиталните инвестиции во првите три месеци.
Премиерот најави ребаланс на буџетот, најрано летово, но не поради катастрофалната реализација на капиталните инвестиции, туку за парите од подобрата наплата на даноците да ги вложи во нови проекти, иако старите не се завршуваат според плановите.
Аналитичарите сметаат дека Владата нема капацитет да ги реализира проектите и дека ако сака да го оствари планираното до крајот на годинава треба да побара помош однадвор.
Сугерерирам владата да отвара нови проекти бидејќи има можности, има простор, има место, има суштина и потреба на вакви проекти во Македонија. во енергетиката особено, во гасификацијата не се случува ништо драматично значајно, во јавниот превоз во Скопје, канализации немаат значаен дел од селата во Скопје, а да не кажам како е во Републиката. Простор за работа има, очигледно е нема кој тоа да го сработи“- изјави Павле Гацов, даночен експерт .
Вчера премиерот се пофали со подобра наплата на буџетските приходи и покрај тоа што тие статистички се во проектираните рамки. Ако за 3 месеци по сите параметри треба да биде остварено околлу 25% од планираното за цела година, тогаш Владата реализирала неполни 22% од предвидените приходи и расходи. Од даноци биле собрани 427 милиони евра, од придонеси 228 милиони, а од неданочни приходи 70 милиони евра.
Comments are closed for this post.