Кинеското Министерство за одбрана вчера испрати протестна нота до Париз во која се наведува дека фрегатата за набљудување „Вендемиер” „илегално поминувала” низ Тајванскиот Теснец при што навлезе во кинеските територијални води.
Кинеската армија испрати воени бродови во согласност со законот, за да го идентификува францускиот брод и да му нареди да замине, изјави портпаролот Рен Гуокианг.
Тој додаде дека инцидентот се случил на 6 април.
„Ние сме во близок контакт со кинеските власти за инцидентот споменат од страна на портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, реагираше вчера француската министерка за одбрана Флоранс Парли, додавајќи оти „француската морнарица транзитира просечно еднаш годишно низ Тајванскиот Теснец без инциденти или реакции”.
Таа одби да ја одреди точната точка на преминување на „Вендемиер”, при тоа истакнувајќи дека фрегатата транзитирала во меѓународни води.
Comments are closed for this post.