„Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструкираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав.
Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим“, рече претседателот Заев на вечерашната граѓанска трибина за поддршка на кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Заев рече дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.
Comments are closed for this post.