Англиската Премиер лига откри како изгледа „Тимот на годината”. Големото изненадување е поврзано со присуството на Пол Погба во оваа постава, како и отсуството на Еден Азар од неа.

Сепак, Челзи денес ја бранеше својата белгиска ѕвезда со официјална изјава.

„Нашиот бр.10 има неверојатна сезона полна со неверојатни моменти, па фактот дека не се најде во „Тимот на годината” е големо изненадување. Неговата статистика во текот на сезоната не може да биде против него за време на изборот“, пишува клубот.

Азар има 16 погодоци и 13 асистенции оваа сезона. Како што е наведено во статистиката, зад него се само Серхио Агуеро со 19/8, Рахим Стирлинг со 17/10 и Мохамед Салах со 19/7.

Манчестер Сити има дури шест фудбалери во тимот на годината, Ливерпул има четворица, а еден од Манчестер јунајтед.


Голман е Едерсон (Манчестер Сити), во одбраната се Робертсон (Ливерпул), Лапорт (Манчестер Сити), Ван Дајк (Ливерпул), Александер Арнолд (Ливерпул. Во средниот ред Погба (Манчестер јунајтед), Фернандињо (Манчестер Сити) и Бернанрдо Силва (Манчестер Сити). Напаѓачкото трио го сочинуваат Мане (Ливерпул), Агуеро (Манчестер Сити) и Стерлинг (Манчестер Сити).