СДСМ откако ја загуби поддршката на изборите, продолжува да врши жестоки притисоци и да се заканува на вработените во јавната администрација, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Зоран Заев посегна по јавната администрација во Град Скопје. Заев во моментов преку неговите перјаници во Град Скопје и раководни лица се заканува дека ќе брка луѓе од работа. Луѓе кои се вработени со години и децении во градот Скопје.Според информациите кои стигнаа до нас од загрижени вработени во администрацијата на Град Скопје, раководни лица од градот повикувале вработени кои не се членови на СДСМ и им упатувале закани да не се вклучуваат во кампањата и надвор од работно време како што е и впрочем дозволено, а потоа се заканувале и да не излегуваат на гласање на денот на избори односно 5-ти мај односно вториот круг. Доколку го прават едното или другото пораката била јасна ќе бидат избркани од работното место каде што работат со години и децении“, рече Арсовски.
Тој вели дека ваквите состаноци се држени со претходно предупредување, вработените да ги остават мобилните телефони надвор од канцеларијата на функционерот во град Скопје кој што ги повикувал да им го соопшти истото.
Ова е тежок криминал и овој криминал ќе се докаже и ќе биде санкциониран откако правдата ќе се врати во Македонија и откако ќе профункционира правната држава“, порача Арсовски.
Comments are closed for this post.