Жителите во земјите на Југоисточна Европа користат повеќе антибиотици од тие на Север, а како резултат на тоа имаат многу повеќе антирезистентни микроби на антибиотици во нивните организми.

Ова се потврдува во најновата научна студија која анализирала примероци од 12 станици за третирање на отпадни води во седум земји на ЕУ: Кипар, Португалија, Шпанија, Ирска, Германија, Норвешка и Финска. Сепак, според едно друго истражување на ОЕЦД, Грција е шампион по користење антибиотици во таа група земји.

Истражувачите потврдиле дека врската меѓу земањето антибиотици и резистентноста на антибиотици е поголема во Кипар, Шпанија, Португалија и во Ирска, отколку во Германија, Норвешка и во Финска.

Што се однесува до Грција, во таа земја антибиотици можат да се купуваат и без лекарски рецепт. Едно истражување покажало дека секој трет жител на Грција во домашната аптека си чува антибиотик за „ако затреба“.