Кога Ејуп Алими и Артан Груби зборат за правда или селективна правда, отидена е работата по ѓаволите, напиша на фејсбук Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ.
Жал ми е што не сум во Собрание денеска. Кога Ејуп Алими и Артан Груби зборат за правда или селективна правда, отидена е работата по ѓаволите! Нека се сетат кој заедно со „началникот” поставуваше судии, нивните Муса Џафери и Блерим Беџети. А ИВЗ е посебна приказна, како што бива, криминалци си бранат криминалци. Играта на ДУИ со ИВЗ е провидна и е обид да бараат изговори зошто не можат да испорачаат тоа што ветиле на изборите. Среќа што луѓето одамна не им веруваат ниту ним, ниту на РЕЗИЛИТЕ ОД ИВЗ, напиша Зекири на фејсбук
Comments are closed for this post.