Откако на социјалните мрежи беше објавено дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски гласал на референдум тој се јави со објава на Фејсбук.Јовановски не демантира дека излегол на гласање, но уверува дека нема да гласа за уставни измени.
Според него, доволно било еден човек да го обвини и многумина од неговите следбеници или пријатели оркестрирано да го нападнат со грст погрдни зборови.
Јас сум христијанин и воспитуван во таков дух. На сите нив им ги простувам гревовите, бидејќи не знаат што прават. На тој што прв ме нападна му порачувам: во најможен краток рок да објави материјален доказ, од кого, кога и на кое место сум примил 250 000 евра за да го извршам велепредавството. Ги повикувам органите на партијата јавно да се оградат од обвинувањата кон мене, бидејќи обвинувањето кон мене е и обвинување кон партијата. Во спротивно ке сметам дека обвинувањата се заеднички. Се колнам, во својата чест и морал дека никогаш нема да ги изневерам принципите на партијата, никогаш нема да ја изневерам мојата татковина и никогаш во собранието нема да гласам за промена на уставното име на Р.Македонија а со цел промена на уставот. Крсто Јовановски пратеник во собранието на Р.Македонија .МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА
Откако премиерот Заев најави дека во следните денови ќе тргне во лов на пратеници кои ќе ги подржат уставните измени, се јави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вели дека ниту еден пратеник нема да гласа за промена на Уставот.
Comments are closed for this post.