Борусија Дортмунд доживеа болен пораз од 0:5 од Баерн Минхен, но успеа да се опорави и да продолжи да дише во вратот на лидерот. Четири круга пред крајот на шампионатот во Бундеслигата, разликата помеѓу двата тима е само 1 бод и „жолто-црните” повторно покажуваат привлечна игра. Во неделата, тие го поразија Фрајбург со 4-0 како гости и остануваат оптимисти.
– Нашата изведба можеби не беше на вистинско ниво во изминатите неколку недели, но мора да останеме фокусирани. Рековме дека треба да продолжиме да соработуваме – особено кога станува „жешко” – и се уште веруваме во освојувањето на титулата. Сакаме да го држиме Баерн под притисок до самиот крај, изјави капитенот Марко Ројс пред „Скај”.
Следниот тест за Борусија е регионалниот ривал Шалке 04, кој е во голема криза.
– Тоа нема да биде нормален натпревар, сите знаеме. Мораме да се подготвиме за тоа. Ние исто така играме дома. Сакаме да ги прегазиме, додаде стрелецот на Дортмунд
Comments are closed for this post.