Јужнокорејскиот министер за обединување, Чо Мјонг-гјон изјави дека Северна Кореја во својот нуклеарен арсенал има од 20 до 60 бомби.
Ова е првпат еден висок јужнокорејски функционер јавно да зборува за обемот на тајниот арсенал нуклеарно оружје на Пјонгјанг.
Министерот Чо Мјонг-гјон ова го изјави во Парламентот, како одговор на пратеничко прашање, напоменувајќи дека информацијата е добиена од разузнавачките служби.
Министерството на Чо соопшти дека неговата изјава не значи дека Јужна Кореја ќе ја прифати Северна Кореја како нуклеарна држава.
Comments are closed for this post.