Пејачката Северина Којиќ (47) викендов го прослави роденденот во кругот на нејзините пријатели. На обожавателите за забавата им се пофали со фотографии на социјалните мрежи. Меѓутоа, роденденот не бил единствениот повод за славење.
Северина на 21 април пред четири години ја запроси нејзиниот сопруг Игор Којиќ (31).
Ти благодарам љубов моја на секој наш ден, благодарам на твојата добрина“, напиша Северина и се заблагодари на сите за честитките.
За роденденската забава пејачката облекла бледо-розев фустан и ставила тијара на главата.
Сепак, Северина имала уште еден повод за славење. По долгогодишна кариера пејачката надмина еден милион пријатели на друштвените мрежи.
„Добра бројка“ е коментарот под фотографијата со која се пофали и укажа на својот прв милион.
Comments are closed for this post.