Причина за поскапувањето на горивата е и зголемувањето на акцизата

ВМРО-ДПМНЕ: Пред две години резервоар се полнеше со 2.000 денари а сега со 2.900

Капитални инвестиции нема. Тие се на рекордно ниско ниво од 16,6 проценти за првите шест месеци од годинава

02.10.2018 / 9:43


Година ипол по доаѓањето на власт на Заев, граѓаните живеат полошо. Владата ги ограбува граѓаните, функционерите се богатат, а тие се потешко врзуваат крај со крај, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека горивата денес повторно поскапуваат.

-Ако пред две години граѓаните можеле да наполнат резервоар со 2.000 денари, сега за истото количество гориво им се потребни 2.900 денари. Тоа за граѓаните значи зголемување на трошоците од 30%, а платите не мрдаат. Овие рекордни цени на горивата се должат и на зголемувањето на акцизите. Тоа е одлука која ја донесе Заев само за да обезбеди дополнителни средства за расипништвото на криминалниот картел. За да го покријат криминалот и алчноста, владата денес се задолжува за нови 32 милиони евра. Капитални инвестиции нема. Тие се на рекордно ниско ниво од 16,6 проценти за првите шест месеци од годинава. Ова задолжување им треба единствено за да си го покријат луксузот и криминалните тендери, стои во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека комарџијата Заев игра на само една карта. Сиот овој криминал да го покрие со продажба на највисоките дрзавни и национални интереси.

-Македонија на референдумот кажа едно големо НЕ на политиките на СДСМ. Македонските граѓани кажаа НЕ на криминалите на власта, наместените тендери, уништената економија, кажаа НЕ на немањето на проекти во здравството, во образованието. Пораката е испратена, граѓаните се свесни дека СДСМ не може да им го донесе ветениот живот. Граѓаните во огормно мнозинство кажаа дека се против промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од своите сонародници во соседството. Народот е свесен дека оваа власт нема да им донесе подобро утро. Народот потврди дека сака Македонија да победи, се вели во партиското соопштение.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

„Адинг“ засадува за идните генерации

пред 24 часа
Македонија

Жена ти, сестра ти, устата смрдена да ти ја… – недолично и насилно однесување на пратеникот Димитар Апасиев

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

пред 2 дена
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Со СДСМ дишевме алпски „ајро“

пред 3 дена
Македонија

Ахмети го напаѓа, Таравари го брани Курти

пред 4 дена
Македонија

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

пред 5 дена
Македонија

Каде исчезна бесплатниот превоз на Данела?

пред 5 дена
Македонија

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

пред 5 дена
Македонија

Прес конференција на Курти и Мицкоски: Време е за решавање на економските прашања

пред 5 дена
Македонија

Возењето со такси во Скопје ќе стане луксуз

пред 1 нед.