Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз. СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите. Власта, особено СДСМ е делегитимирана. Народот не им верува, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Според него вчерашниот ден потврдил и дека меѓу граѓаните владее вистинска апатија поради болната реалност оптоварена со криминал, корупција и сиромаштија.
Одговорот на апатијата е едноставен, масовно гласање во вториот круг на изборите на 5-ти мај, и потврда дека граѓаните се тие кои решаваат. Народот е посилен од секоја власт и народот е свесен дека со гласачко ливче победуваме неправда.Гордана Сиљановска Давкова е изборот на граѓаните, таа е изборот затоа што е олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став“, рече Јанушев.
Доколку резултатите на овие избори се пресликаат во пратенички мандати, како што рече Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која ќе треба да прави ново мнозинство во Собранието и нова Влада. Првичните анализи покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе освои 53 пратенички мандати, а СДСМ 12 пратенички мандати помалку, или само 41 пратенички мандат, додека Беса и Алијансата и ДУИ по 13 пратенички мандати.
Comments are closed for this post.