Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, може да се пресели од „Камп ноу“ во Челзи во текот на летото, објави Калчомеркато. 26-годишниот бразилски фудбалер има договор со каталонскиот клуб со важност до 30 јуни 2023 година.
Според извештаите на медиумите, раководството на Челзи го гледа Кутињо како замена за Еден Азар, кој може да оди во Реал Мадрид во летниот трансфер прозорец.
На порталот „трансфермаркт“ вредноста на Кутињо се проценува на 100 милиони евра.
Во тековната сезона, Кутињо настапи на 48 натпревари за Барселона, постигна 11 гола и оствари пет асистенции.
Comments are closed for this post.