Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјеер, им се извини на навивачите по високиот пораз (4:0) од Евертон во натпревар од 35. коло на Премиер лигата.

Ние денеска бевме претепани во сите аспекти. Но, имавме фантастична поддршка. Само сакам да се извинам на навивачите за нашата игра на овој натпревар. Нашата цел е да бидеме меѓу првите четири. Тоа ќе биде многу тешко. Денешната игра беше недостојна за Манчестер јунајтед. Ние сме свесни за ова и сакаме уште еднаш да им се извиниме на навивачите, изјави Солскјер.

Манчестер јунајтед е на 6. место на табелата, со 64 бода