Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 31,41 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,23 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 40,74, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 13,06 отсто.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.