Голема врева се крена по референдумот околу анкетите кои разни институти за истражување на јавното мислење ги направија пред гласањето. Реакциите во јавноста се дека процентите за излезност на референдумот и за гласање “ЗА” презентирани во истражувањата не соодветсвуваат на исходот на референдумот. Според ДИК на референдум гласале 666 743 или 36,91%. Од нив „за“ гласале 91,46% или 609 813, додека против гласале 37 700, односно 5,65%.

Колку за споредба анкетата на МЦМС во Септември покажа дека одзивот на референдумот ќе биде 57,8 %. Ова истражување покажа дека 70 отсто од нив ќе гласаат „за“.

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) еден месец порано објави анкета според која 49 проценти од граѓаните ќе го подрржат референдумот додека 22 проценти би гласале против. Одзив од 63 % регистрира и истражувањето на институтот Ифимес од Љубљана во август.

Последен со анкета се јави Институтот за политички истражувања. Според нивната анкета од 15 до 18 септември 43,4 проценти од испитаниците рекле дека ќе гласаат “за” 10,9 % против, а 28,7 проценти рекле дека ќе го бојкотираат референдумот. Од институтот тогаш соопштија дека очекуваат одреден процент од гласовите против да се слеат на контото за бојкот на референдумот поради непостоење на кампања против кои покажаа дека 43,2 отсто ќе гласаат „за“, а 22 отсто „против“. Политикологот и директор на Институтот за политичкии истражувања Владимир Божиновски го објаснува начинот на пресметување на процентите при спроведување на акетите.

“Неколку пати сме појасниле дека анкетите кои ги правиме се за околу 1. 400. 000 граѓани, односно колку што има жители во Македонија, а не според избирачкиот список кој брои 1.800.000 гласачи меѓу кои се сите државјани на Република Македонија. Што се однесува на резултатите од референдумот со пресметување на гласовите “за” и “против” и оние кои бојкотирале ќе се види дека анкетата е точна. Тогаш објавивме дека “за” ќе гласаат 43,4 проценти. Значи 43, 4 од 1.400.000. Со појаснување дека дел од оние 10,9 кои беа “против’ ќе се слеат на контото на оние 28,7 % кои беа за бојкот. Тоа и се случи, вели Божиновски.