Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена остана без куферот во кој ги носела парите добиени за закажаниот концерт во Германија.
Брена по враќањето од патот во Германија доживеала непријатно изненадување на белградскиот аеродром.
Мегапопуларната пејачка дури кога стигнала на аеродромот во Белград сфатила дека останала без куферот во кој го носела целиот хонорар добиен за концертот кој требало да го одржи.
Брена посетила пријатели во Германија, а воедно и имала средба со луѓето кои и организираат концерт. На средбата тие и го дале целиот хонорар за настапот, бидејќи Брена редовно се наплатува однапред. Бидејќи во себе веќе имала неколку илјади евра, добиените пари ги ставила во куфер. Но, кога се вратила во Белград, куферот го немало на аеродромската лента. Брена веднаш направила драма, а на шалтерот и рекле дека нејзиниот багаж е изгубен и дека ќе ја повикаат кога ќе го најдат, за да го преземе. Поради тоа што во куферот имало повеќе илјади евра Брена морала да фати врски за куферот да и биде што побрзи и биде пронајден. Веќе утредента куферот бил во Белград, а иако дома имала полна куќа гости Брена веднаш заминала на аеродром за да си го земе загубениот багаж, изјавил за медиумите извор близок на пејачката.
Се уште не е познато дали парите биле во куферот, но Брена со насмевка на лицетот го напуштила аеродромот.
Comments are closed for this post.