16-годишно момче и 11–месечно бебе со тешки комликации од морбилите се борат за својот живот на скопските клиники. Момчето има церебрална парализа, објавува Телма.
Хопитализирано е на Инфективна и е во животно-загрозувачка состојба, потврдиле за телевизијата од клиниката.
На одделот за интензивно лекување во потешка здравствена состојба се и двајца возрасни пациенти и три деца. На Инфективна вчера биле прегледани 9 случаи со симптоми на морбили, тројца од нив биле задржани на лекување. Станува збор за 25 годишен пациент од Гостивар, дете на една и пол година и 42 годишен маж од Охрид. Највозрасниот е вакциниран со една доза, а детето и момчето од Гостивар воопшто не биле вакцинирани.
Со помош на апарати дише и 11-месечно бебе, хоипитализирано на Клиниката за детски болети. И неговата здравствена состоја е неизвесна.
Досега со мали сипаници заразени се над 1.000 лица, надлежните прогласија епидемија на ниво на цела држава, а од понеделник почнуав теренска вакцинација во училиштата.
Дури половина од децата на претшколска и школска возраст кои не биле вакцинирани пред епидемијата, се уште немаат имунитет на заразата од морбили. Здравствените власти ќе вакцинираат теренски за училиштата да смеат да ги запишат и да ги распоредат по одделенијата.
Сепак, Законот останува неразјаснет. Основното образование е задолжително, но услов за упис се примени вакцини кажа вчера министерот за образование.
Според информациите од Директорот на Здравствениот дом Злате Мехмедовиќ – тие се уште не ја знаат точната бројка на вакцинирани деца од претходната теренска вакцинација.
Во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје кој е објавен денес, пишува дека има бројката на пациенти заболени од морбили за една недела стигнала до 121.
Comments are closed for this post.