Меѓународните набљудувачи на референдумот вчера на заедничка прес-конференција констатираа дека денот на гласањето поминал мирно, без притисоци и закани, главно според меѓународните стандарди.
Амбасадорот Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ОДИХР истакна дека „повеќето соговорници на Мисијата за набљудување на референдумот на ОДИХР не изразија голема загриженост околу точноста на Избирачкиот список, и покрај тоа што е важно дали ќе се постигне прагот на излезност“.
Според Петерсен, правната рамка за референдумот не содржи конкретни одредби за неколку клучни елементи од процесот, вклучувајќи и регулатива за кампањата. Така, според ОБСЕ/ОДИХР, законската рамка и Избирачкиот список се две долготрајни прашања кои уште не се решени.
Исто така, како прашање е поставено тоа што Собранието не назначи посматрачи за референдумот, а имаше право на тоа.
Во име на посматрачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа се обрати Штефан Шенах, кој подвлече дека сепак треба да се земе предвид тоа што гласале повеќе од половина милион избирачи и оти за неизлезноста веројатно ќе стигне казната на парламентарни избори.
Шенах, исто така, го подвлече како важно и прашањето за пописот, кој во Македонија не е спроведен од 2002 година.
International referendum observation mission press conference, 1 October 2018, Skopje
LIVE: The international observers monitoring the 30 September referendum in the former Yugoslav Republic of Macedonia will present their preliminary post-referendum statement at a news conference in Skopje today.
Posted by OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights (ODIHR) on Monday, October 1, 2018
Comments are closed for this post.