Во првата половина од изборната кампања, кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски потрошил 480 илјади евра, кандидатката на ВМРО – ДПМНЕ Гордана Силјановска- Давкова пак досега за кампањата потрошила 167.400 евра, кандидатот на БЕСА Блерим Река потрошил најмалку, односно само 25 илјади евра. Ова го покажаа неодамна објавените податоци од финансиските извештаи од учесници во изборната кампања за Претседателските избори – 2019 година – објавени на Државната изборна комисија.
Инаку според правилата за своја промоција во кампањата, Пендаровски, Силјановска и Река вкупно можат да потрошат максимум 10 милиони евра. Тројцата кандидати поединечно можат да потрошат по 3, 2 милиони евра или по 110 денари за секој запишан избирач.
Сите трошоци за рекламирање во медиумите се платени од државниот буџет, а кандидатите ги обезбедуваат парите за митинзи, билборди и изборен материјал.
Ако се направи споредба со претходните избори , може да се констатира дека во 2014 година, во последните денови од изборната кампања за парламентарните и претседателските избори, речиси сите политички партии потрошиле повеќе отколку што собрале во изборната партиска каса.
Состојбата на сметката за претседателската изборна кампања на ВМРО ДПМНЕ, во последните денови од кампањата од 2014 година биле :
Сумирано со претходните извештаи, изборната кампања на кандидатот на Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов, чинела 770.635 евра.
Ако се сумираат само претходните два извештаи, кампањата за кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски чинела 100.026 евра. Најголем дел од парите се потрошени за реклами и пропаганди, изнајмување на простор и опрема и друго.
Comments are closed for this post.