Лидерите на Алијансата на Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами на митингот во Тетово побараа Албанците да гласаат за Блерим Река.
Гласот за Река е почит за сите Албанци кои биле во затвор за рамноравност и достоинство на народот. Да покажете на 21 април револт против неостварените ветувања за правда. Тоа ќе биде порака дека Албанците се тука и ќе останат“, рече Села.
Касами порача дека на овие претседателски избори треба да се делегитира власта.
Да не заборави Заев дека режимот на Груевски беше соборен со гласот на Албанците. Можам да кажам дека и режимот на Заев и неговите соработници Албанци ќе биде соборен исто со гласот на Албанците, со гласот за Блерим Река“, истакна Касами.
На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, лидер на движењето Самоопределување.
Comments are closed for this post.