Премиерот Зоран Заев денеска објаснувајќи ја апликацијата „Избори 2019“ со која како што тврдат од Изборниот штаб на Гордана Сиљановска Давкова се прибираат информации од корисниците рече дека во неа нема ништо спорно и оти моделот го примениле од Шведска.
Сето тоа што со години сме го работеле од врата на врата, правејќи евиденција на тефтерите, поминавме со модерните алатки преку интернет. Сето тоа е достапно веќе на интернет. Како и да кликнете на страната на ДИК имате пристап до Избирачкиот список, каде што се дозволени податоците согласно законот и во самата апликација тоа е дозволено и апсолутно верувам дека сето тоа што се прави е строго сто процентно согласно законите, никако не допира во вознемирувањето на личните податоци на граѓаните или нивно узурпирање и многу европски земји го користат со децении“, појасни Заев.
Според премиерот, ова е грубо обвинување од страна на опозицијата.
Ова веројатно е некаков изговор за некој што знае каков ќе биде резултатот, па тоа му смета и почнува да мрчи како што мрчел и порано и тоа е тоа.
Comments are closed for this post.