МЗТ Скопје го совлада Задар на гостински терен во првиот меч од бараж серијата од три натпревари за пласаман во првата АБА лига. Металците победија со 89:83 иако на полувреме водеа и со 21 поени разлика, 57:36.
Боиќ со 22 и Вудард со 19 поени беа најефикасни во тимот од Скопје. Божиќ со 19 и Литл со 18 поени беа најистакнати кај задар.
Вториот натпревар се игра во вторник во Скопје, а третиот меч доколку Задар слави би се играл пет дена подоцна на терен на хрватскиот претставник.
Comments are closed for this post.