Шофери без положен возачки испит, несоодветна категорија, нерегистрирани возила, претоварени комбиња, регистрирала полицијата при последната контрола на комбиња кои превезуваат ученици од училиштата низ Гостиварско.

Имено, вчера попладне во периодот од 18 до 21 часот, во Гостивар со акциска контрола биле опфатени 35 возила (комбиња) со кои се превезуваат ученици од средните и основните училишта.

При контролата, откриени се девт возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, тројца возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот“, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Констатираните прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци. Од почетокот на годината во гостиварскиот регон откриени се 22 случаи на претовар на патници од кои 14 биле во февруари.