Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова оствари средба културни работници, проф. Стојан Стојков композитор, Сони Петровски поранешниот претседател на Сојуз на композитори, Кокан Димушевски, проф. Томе Аџиевски скулптор и ликовен уметник, Викторија Васева историчар на уметност и кустос.

„Во културата не смее да има непотизам и корупција. Нашите културни работници се големи амбасадори на Македонија“, истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова на средбата им кажа дека во програмата предвидела и им вети дека ќе ја користи културната дипломатија во својот мандат.