Германскиот Сојузен завод за статистика соопшти дека во текот на минатата година за 20 отсто пораснал бројот на луѓе од земјите надвор од ЕУ кои работат во Германија.
Истражувањето го покажа следното:
– Бројот на граѓани кои не се членки на ЕУ со дозвола за работа во Германија се зголеми од 217.000 во 2017 година на 266.000 во 2018 година.
– Ова е трета година по ред во која тој број се зголемува за 20 проценти.
– Повеќето од овие луѓе се од Индија (12 отсто), Кина (девет отсто), Босна и Херцеговина (осум отсто) и САД (седум отсто).
– Во просек, тие имаат 35 години, а повеќе од две третини се мажи.
– Повеќе од 80 проценти од нив имаат привремена работна дозвола, а само 17 проценти постојана.
Заводот за статистика објави дека речиси 25 отсто од нив се од Западен Балкан, односно од Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Во 2015 година имало само околу девет проценти.
Comments are closed for this post.