Музичката легенда Арета Френклин, која почина по борбата со рак на панкреасот, добитничка е на специјалната награда Пулицер за нејзиниот придонес за американската музика и култура.
Пејачката е прогласена за добитничка на признанието во понеделникот, на церемонија на која е истакнаt нејзиниот „исклучителен придонес за американската музика и култура за време од пет децении“.
Арета Френклин е прва жена која е добитничка на ова признание за музички заслуги, откако церемонијата е востановена во далечната 1930 година.
Музичари кои претходно ја добиле Пулицеровата награда се Џон Колтрејн во 2007 исто така постхумно и Боб Дилан во 2008 година.
Comments are closed for this post.