Францускиот милијардер Бернар Арно, кој го контролира луксузниот конгломерат ЛВМХ, денеска соопшти дека неговото семејство и компанијата ќе донираат 200 милиони евра за да помогнат во обновата на катедралата Нотр Дам.
Семејството Арно и ЛВМХ се солидарни по оваа национална трагедија и ќе учествуваат во реконструкцијата на таа извонредна катедрала, симбол на Франција, нашето наследство и единство, се вели во соопштението.
Претходно, сопругот е позната актерка Салма Хајек, Франсоа-Анри Пино, кој е прв човек на корпорацијата „Керинг“, сопственик на познатите брендови „Гучи“ и „Сен Лорен“ и претседател на компанијата што ја поседува аукциска куќа „Кристис“, соопшти дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра за обнова на катедралата.
Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам, соопшти Пино.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон вети дека Нотр Дам ќе биде обновена по големиот пожар што ја уништи централната кула и покривот на готското архитектонско ремек-дело во Париз.
Comments are closed for this post.