Пред Парламентот во Белград денеска во 15 часот ќе се одржи протест против актуелната власт „Еден од пет милиони”. Oпозицискиот Сојуз за Србија апелираа граѓаните мирно да го изразат своето незадоволство кон „режимот” на владејачката Српска напредна партија.
Според најавите, на учесниците во протестот ќе им бидат прочитани барањата на опозицијата и незадоволните граѓани, а од говорницата ќе се обратат опозициските лидери и јавни личности.
Првиот протест е одржан кон крајот на ноември минатата година во Крушевац поради нападот врз лидерот на Левица на Србија, Борко Стефановиќ и активисти на таа партија, по што следниот собир се одржа на 8 декември во Белград, каде оттогаш се организираат секоја сабота.
Протестите се проширија и во други градови и општини ширум Србија и се одржуваат под слоганот „Еден од пет милиони”, кој настана поради изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дадена пред почетокот на собирот дека нема да исполни ниту едно барање дури на улица да излезат и пет милиони луѓе.
Меѓу барањата на опозицијата се ослободување на медиумите, фер и демократски избори, оставки на државниот врв и откривање на извршителот и организаторот на убиството на лидерот на иницијативата СДП, Оливер Ивановиќ.
Comments are closed for this post.