Израелското вселенско летало „Беретштет“, што на хебрејски значи „Битие“, чие слетување на месечината беше планирано за 11 април не успеа во својата мисија. За време на 20 минутното слетување неколку пати бил изгубен контакт со леталото по што се распарчило на површината на Месечината.

Не успеавме, ама дефинитивно се обидовме. Сметам дека огромно е достигнувањето што воопшто стигнавме до таму, сметам дека можеме да се гордееме, рече главниот финансиер кој стои зад проектот, Морис Кан“.

По седум недели патување до Месечината, леталото без човечки екипаж влезе во последната орбита на 15 километри од површината.


Ако мисијата успееше, „Беретштет“ ќе беше запаметен како првиот приватен вселенски брод кој долетал на Месечината и прв за Израел.

Кога нема да успееш од прв пат, се обидуваш пак,“ рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој го следеше слетувањето од контролната соба во близина на Тел Авив.

На 6. март вселенско летало за ја испрати првата фотографија на која се гледа знамето на Израел, снимено од вселената со селфи камера, на далечина од 37.600 километри од Земјата.

Фотографија на Земјата снимена од леталото на оддалеченост од 37.600 километри

Проектот чинеше околу 100 милиони долари и го поплочи патот за идни мисии за истражување на Месечината.

Засега само три земји имаат успеано да извршат „меко“ слетување на површината на Земјата. Тоа се Соединетите Американски Држави, Кина и Советскиот Сојуз.