Претседателската кампања е во полн ек. Кандидидатот на СДСМ, Стево Пендаровски денеска ќе биде во скопко Арачиново и во Гази Баба, додека Силјановска ќе има собири во Крушево и Прилеп.
На вчерашните собири двајцата кандидати испратија силни пораки. Силјановска од Кисела Вода порача дека изборите се начин на кој се решава прашањето на легитимитетот или делигитиминирање.
На изборите првиот и последен глас, конечниот глас го имаат граѓаните и тие се оние кои треба да ја делегитимираат сегашната власт која е веќе делегитимрана поради кршењето на Уставот и законите во повеќе наврати-рече професорката.
Пендаровски пак во Кочани нагласи дека ќе се залага за комплетно реформирање на правосудниот систем во државата, нагласувајќи дека специјалното јавно обвинителство не смее да згасне.
Политички мораме да овозможиме СЈО да продолжи да живее, ве уверувам дека после изборите потребните две третини за поддршка ќе бидат изнајдени, не затоа што тоа Европа го бара од нас, туку затоа сите сме должни пред себе и младите генераци да покажеме дека ова е правна држава. Секој кој постапувал спротивно на законот мора да одговара, а СЈО ќе мора да ги заврши и тие истраги што ги почна за тој период за кој е формирано. Истовремено и секој од актуелната власт кој ќе ги прекрши законите, ќе мора да одговара пред тоа исто СЈО, додаде Пендаровски.
Comments are closed for this post.