Памела Андерсон, глумица и блиска пријателка на Џулијан Асанж, остро го осуди неговото апсење велејќи дека станува збор за „диверзија од идиотските Брегзит сра*а“.

Поранешната Плејбој зајачица на неколку пати се огласи преку Твитер од утринава.

Во шок сум. Не можев да слушнам добро што кажа? Изгледа многу лошо. Како можеше Еквадор? Како можеше Британија? Секако ти си американска кучка и ти беше потребна диверзија од твоите идиотски Брегзит сра*а“, наведе во првиот твит.


Во следниот твит не беше ништо поблага, а на тапет ги стави и САД.

А САД? Оваа токсична кукавица од претседател. Треба да ја обедини својата гласачка база? Ти си себичен и суров. Цел свет го врати назад. Вие сте ѓаволи, лажговци и крадци. Вие ќе изгниете, а тие ќе се издигнат“, напиша глумицата.

Во следниот твит ја објави видео снимката од неговото апсење, односно моментот кога полицијата на сила го извлекува од амбасадата.

Во последниот твит на тема (за сега), Памела ги повика своите следачи да донираат пари на Викиликс сајтот кој Асанж го основа.

Потсетуваме, Памела Андерсон отворено го поддржува Асанж, а во неколку наврати предупреди дека тој би можел да умре во амбасадата како политички затвореник.