Либиската народна армија на генералот Калиф Хафтар тврди дека соборила воен авион кој припаѓал на Меѓународно признатата влада со седиште во Триполи, кој полетал од Мисрата.

Портпаролот на ЛНА Ахмед Мисмари говорејќи за инцидентот на брифинг пред новинарите не прецизираше за каков тип на авион станува збор, туку само дека пристигнал од Мисрата град под контрола на либиската влада и дека е соборен над Триполи.


Непотврдени извештаи укажуваат дека станува збор за Аеро Л-39 Албатрос, чешки авион за обука кој често се користи за копнени напади.

Инаку, денеска силите на опозициската Либиска национална армија се приближија на околу 11 км од центарот на Триполи, забарикадирани со челични контејнери и со митралези.

Болниците во Триполи и околината пријавиле дека во борбите загинале 47 лица, а 181 се повредени.

Портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ, рече дека повеќето од жртвите биле борци од двете завојувани страни, но дека меѓу нив има и лекари и други цивили, пренесе Ројтерс.

Во Либија од минатата недела се обновени судирите кога Либиската национална армија предводена од Калифа Хафтар од истокот тргна во освојување на западниот дел на земјата и градот Триполи, каде што контролата ја има меѓународно признаената влада на чело со Фаез Сарај.