Уредувањето на просторот и неговото планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на општината, формирање пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите, истакнува кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски.
Тој објави дел од Програмата за поубав град:Уредување на парковите на влезовите на Охрид за разубавување на ликот на градот.
За градот да биде поубав целта е изнаоѓање системски решенија во инфраструктурата, водоснабдувањето и канализациониот систем како во градските така и руралните средини.
Охрид не може да си дозволи да нема водовод и канализација, да биде затрупан со ѓубре, да има лоши улици.
Затоа ќе пристапиме кон:
Изградба или доизградба на водоводни системи
Водоводна мрежа во Рача, Горно Лакочереј, Пештани, Лагадин, Куратица и Ливоишта, но и на улиците: „Јане Сандански“, „Васил Стефоски“, „Христо Узунов“, „Абас Емин“, „Будва“ и „Вардар“.
Реконструкција и изградба на канализационен систем
Фекална канализација во македонското Сен Тропе, Трпејца мора да има како туристичко место, во Велгошти, Рача и Лескоец 4 фаза, но и на улиците: „Железничка“, „Стив Наумов“, „Абас Емин“, „Будва“, „Александар Турунџиев“, „Ристо Чадо“.
Изградба на атмосферска канализација на улиците „Абас Емин“, „7 Ноември“, „Никола Карев“, „Будва“,„Охридати“, „Ристо Чадо“.
Инфраструктурата, комуналните работи и живтоната средина мора да бидат приоритет за градот да биде убаво место за живеење. Со уредувањето на зелените површини добиваме поубав и почист град и поздрава животна средина.
За поубав и позелен лик на градот се проектите:
Проект за финансирање на кампањи за почист град, за подигање на свеста, за чување на општествени добра, за заштита на човекова околина;
Мерка 1:10 со која за секое пресечено дрво во централното градско подрачје да се засадат 10 нови дрвца.
Почитувани, Грижата за Охрид и охриѓани е на прво место. Затоа 5 за нови дела во Охрид! 5 за Градоначалник од нарадот и за народот! 5 за поубав град! 5 затоа што Охрид повикува, порачува Милошевски.
Comments are closed for this post.