Вечерва на булеварот Видое Смилевски Бато во населбата Ново Лисиче е прегазен човек на околу 50 години, пренесува Канал 5.

Според информациите кои  телевизијата  ги потврдиле  од полицијата , прегазен е средовечен маж , кој им подлегнал на повредите. Тој возел велосипед , кога на него налетала Шкода Октавија.

Во 20,23 часoт во СВР Скопје пријавeno e дека на бул.В.С.Бато во близина на Стопанска банка е случена  сообраќајна незгода во која автомобил „ Шкода Октавија“ со германски табличкии, управувано од М.Ц. (49)  удрило во пешак.

Станува збор за  машко лице на возраст од околу 50 год..По доаѓање на итната медицинска помош  констатирана е смрт кај велосипедистот. Телото е пренесено на обдукција .