Силјановска:Гласот за мене на овие избори, ќе значи глас за правдата за Македонија

09.04.2019 / 20:05


Македонија е се што тие немаат, ама Македонија е се што ние имаме. Велат дека сме ве носеле во 19-ти век во времето кога сите мислители истакнувале дека секоја нација си има право на своја држава. Ние кога ја слушаме химната се идентификуваме со неа, со историјата на нашиот народ, а тие како да се срамат и плашат од неа. Срамота.

Ова го истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот во Гостивар.

Нивната филозофија е составена од 3 збора- кажувам, заборавам, негирам. Ние она што го кажуваме, го помниме, го повторуваме и го спроведуваме, рече Силјановска и додаде:

„Гласот за мене на овие избори, ќе значи глас за правдата за Македонија“.

Може да смените сè, но татковината никогаш, порача од Гостивар, Силјановска.

Умниот Џорџ Бернард Шо еднаш рекол: „Може да смените облека, но татковина никогаш не може да смените“. Треба да победиме на избори да ја делегитимираме власта, да отвориме пат за парламентарни избори за ново мнозинство, рече претседателкиот кандидат.

Таа заедно со претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија Христијан Мицкоски ги продолжува секојдневните митинзи низ државата на кои ги запознава граѓаните со својата политика и што ќе стори доколку биде избрана за претседател.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Таравари посегна по национализам и етнички тензии

пред 5 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: Таравари ќе зема плата само од даноците што ги плаќаат Албанците во Арачиново, Липково и Тетово

пред 6 часа
Македонија

Сите освен Панчевски ги исполнуваат условите да бидат нов Јавен обвинител

пред 1 ден
Македонија

Стефановски: Македонија засега многу добро успева балансирано да се позиционира во овие тектонски поместувања помеѓу САД и ЕУ

пред 1 ден
Македонија

Николоски: Нови авиолинии од Скопје до Алгеро и Палермо, расте интересот за македонскиот авиосообраќај

пред 1 ден
Македонија

Како работела фирмата „ЦБД медплант“ која била најголем расадник на марихуана во струмичко?

пред 2 дена
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е симбол на корупцијата во здравството

пред 2 дена
Македонија

Ченто и порача на Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски од Минхен: На Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

пред 3 дена