Изминавме илјадници километри разговаравме со илјадници наши сограѓани, треба да ја кажам вистината, а вистината е јасна и едноставна победуваме, а иден претседател е Гордана Силјановска Давкова, изјави вечерва на митингот во Гостивар Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:
„Ќе ги победиме на 21 април потоа и на 5 мај, а потоа одиме на предвремени парламентарни избори и Македонија назад помеѓу народот. Во тие илјадници разговори секаде разочарувањето од сета онаа лага што ја кажуваа Зоран Заев и СДСМ.“
Јас сум овде и стојам пред вас гостиварци исправен и ве гледам очи в очи само со една молба, а тоа е да ве замолам да ни дадете шанса да покажеме дека сме поразлични, да видите дека таа шанса ќе биде искористена вистински во насока на тоа да ги подобриме квалитетите на животите на нашите сограѓани, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.