До 15 часот на денешниот референдум на гласање излегле 334.075 гласачи или 22,56 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Претседателот на ДИК досегашното гласање рече дека тече мирно, со минорни ициденти.
Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за демократската атмосфера. Ги критикувам сите оние кои што во текот на денот сакаа да ја нарушат ваквата слика. Со брза интервенција тие инциденти се надминати, рече Дерковски.
Референдум 2018 – Прес Конференција на Државната изборна комисија
Posted by Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC on Sunday, September 30, 2018
Comments are closed for this post.