Кандидатот за претедател поддржан од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, денеска се обрати на отворената младинска трибина насловена „Get up, stand up“, која се одржа во Македонската опера и балет.
„Пред три години, препознавам многу лица од тоа време, бевме заедно по улиците. Сите знаеме дека секоја позитивна промена, не само кај нас, туку во секоја држава, ја носат младите генерации. Енергијата која ја имате, само таа енергија може да ја имплеменира замислата која можеби некои постари ја имаат. Без младите на улица не можевме да го срушиме режимот со пенкало“, рече Пендаровски.
Тој додаде дека благодарение на младите, кои се приклучија на Шарената револуција, дојде до промена на власта.
„Без сите вас, без ваш прилог, ние можежби и понатаму ќе си шетавме по улиците, а Груевски ќе беше на власт и кој знае кога ќе се ослободевме од тие стеги на диктатурата. Благодарение на тоа што по прв пат во историјата на демократска Македонија по 91 година, излегоа огромен број млади, 80-90 отсто од ударната тупаница на таа револуција беа младите до 25 години, ние успеавме тоа што никој во повоена Европа не успеал, да сруши автократски режим на избори без насилство, без капка крв, без испукан куршум. Вашата генерација успеа да го направи тоа што првата генерација македонски политичари на чело со Глигоров успеа во 1991 година да направи, да направи држава без испукан куршум. Вие со вашата енергија успеавте да направите револуција, да донесете демократија и слобода, без насилство. Тоа се постигнувања кои во човековата историја се многу ретки. Тоа е големината на младинското движење од 2015-2016“, рече Пендаровски.
Comments are closed for this post.