Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од митингот во Радовиш рече дека тој и ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат Македонија како држава на богати и задоволни граѓани, додека СДСМ и Заев Македонија ја гледаат само како земја на бизнис интереси.
„Затоа што вие со полни вреќи пари сакате да одите во иднината, а ние сакаме Македонија да ја видиме иднината достоинствена, честита и земја во која што секој ќе се гордее со сопствената држава. Вие иднината ја гледате за да пљачкате и богатите, а ние иднината ја гледаме Македонија богата земја и земја на богати граѓани“, вели Мицкоски.
Тој порача:
„Вие нудите иднина откажувајќи се од минатото, за нас минатото е наша гордост со која ќе градиме европска иднина минатото е нашето едро.“
Мицкоски во Радовиш рече дека коалицијата со народот ќе им го испорача вистинскиот цех на 21 април а потоа и на предвремените парламентарни избори.
Вие, вие господа од врхушката на СДСМ се срамите од нашето вековно минато. Господа од врхушката на СДСМ имате проблем со себе, а ние и народот во Македонија имаме со вас но тој проблем ќе го решиме на 21 април а потоа ќе го потврдиме на 5 мај.
Ние господа од СДСМ не се срамиме и не се плашиме да запееме дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“, кажа Мицкоски.
Comments are closed for this post.