Премиерот Зоран Заев во интервју за битолската телевизија Тера рече дека ако на предвремените парламентарни избори изгуби кандидатот позади кој застанаа СДСМ и ДУИ ќе се оди на предвремени парламентарни избори.
„Јас одлучив дека треба да има редовни избори затоа што државата треба да функционира, а не постојано да се оди на избори. Политичарите влезени во својот филм цело време ќе си бараат избори. Ако му дадам на Мицкоски предвремени избори ќе го победиме, ќе го згазиме, оти во моментот така стојат работите и после за една година пак ќе бараат избори. Бараше од мене Мицкоски да му кажам дали ќе одиме на предвремени ако изгуби Пендаровски. Уште еднаш потврдувам ако изгуби Стево дека ќе одиме. Ама нема да брзаме јуни, оти треба да ја добиеме препораката, но ќе одиме после тоа “ рече Заев.
Comments are closed for this post.