Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утрово  гласаше на референдумот, во средното училиште Георги Димитров во Скопје.

Очекувам референдумот да биде како што е денешниот ден – полн со вера, надеж и љубов, полн со верба дека можеме да бидеме подобра држава, надеж дека тоа го правиме со денешниот чин и со многу многу љубов кон нашата Македонија.