Демократската Унија за Интеграција ја продолжи кампањата за Претседателските избори на средба со граѓаните на Битола. Пред присутните се обратија шефот на Централниот изборен штаб, Изет Меџити, заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу и претседателот на огранокот на ДУИ во овој град, Алберт Аслани.
Шефот на Штабот, Меџити, истакна дека гласот за консензуалниот кандидат за претседател на државата е глас кој ја држи државата на евроатлантскиот пат, во насока на полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите со ЕУ.
„Јас говорам со голема одговорност дека нема да направиме договор ниту во вториот круг, не сме направиле ниту за првиот круг. Ние договор направивме пред две години кога ВМРО-ДПМНЕ имаше 51 додека СДСМ 49. Ние се определивме за Влада која ќе ја извлече земјата од изолација, која ќе ја ориентира Северна Македонија кон НАТО, Влада која ќе ги релаксира меѓуетничките односи, која ќе го донесе Законот за јазиците и ова е честа која му се прави на градот Битола. Сега, оценивме дека не сакаме да направиме политички акробации и не сме за дневна политика и за да потрошиме политички фигури, но ние сме заинтересирани оваа Влада да има поддршка како што ја има Претседателот на Собранието, Талат Џафери, таква поддршка да има и идниот претседател“, рече Меџити во своето обраќање.
Тој истакна и дека на земјата не ѝ потребен проблематичен претседател, туку претседател кој ќе биде актер и фактор во процесите за зачленување во НАТО и Европска Унија, а, како што кажа, со зачленување во овие две алијанси ќе има политичка стабилност, странски инвестиции и подобар стандард за граѓаните.
Тој рече дека на земјата не и потребен проблематичен претседател, туку претседател кој ќе биде актер и фактор во овие процеси за зачленување на Северна Македонија во НАТО и Европска Унија, при што со зачленување во овие две алијанси ќе има политичка стабилност, странски инвестиции и подобар стандард за граѓаните.
„Овие беа главните причини зошто се определивме да го поддржиме консензуалниот претседател. Од друга страна втората причина зошто не сакавме да излеземе со кандидат Албанец е затоа што се ризикуваше интеграцискиот процес, иако ние имаме кандидат Албанец по спремен за претседател на Северна Македонија а тој е Талат Џафери, кој е Претседател на Собранието. Но излегувањето со кандидат Албанец во првиот круг ќе беше можност за кандидатот на ВМРО, Силјановска да и се приближи на консензуалниот кандидат Пендаровски и со ова ВМРО-ДПМНЕ да побара предвремени избори со што ќе се ризикуваше Преспанскиот и Охридксиот Договор и интегративните процеси во кои чекори Северна Македонија”, истакна Меџити пред граѓаните на Битола.
Comments are closed for this post.