Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец, објавија италијанските медиуми.
Перишиќ ќе добие зелено светло од Интер, доколку тој му помогне на клубот да заврши во зоната на Лигата на шампионите во тековната сезона.
Триесет годишниот хрватски репрезентативец сака да оди во клуб од шампионатот на Англија. Интер е подготвен да го продаде напаѓачот за 35 милиони евра.
Оваа сезона, Перишиќ одигра 37 натпревари за Интер, постигна шест гола со четири асистенции.
Comments are closed for this post.