Според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 10 часот е 5,2% со маргина на грешка од +/- 0,2%, информираа пред малку од МОСТ.
Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е како што велат од МОСТ следното: На влезот во објектот во кој е сместено ГМ 2117, во с. Јегуновце има напишано графит со навредлива содржина. Била повикана полиција и бил направен записник.
Следната прес-конференција ќе се одржи во 17:15 часот.
Comments are closed for this post.